Поврзете се со нас

Македонија

Хорват брилјираше во втората победа на Металург, вториот тим на Пелистер стигна до прв триумф

Објавено

на

Металург ја оправда фаворитската улога на натпреварот од второто коло против тимот на Прилеп, па така по воведниот триумф над Еурофарм Пелистер 2 на отворањето на сезоната, тимот од Автокоманда продолжи според планот.

Гостувањето во Прилеп не се покажа како никаков проблем за избраниците на Зоран Кастратовиќ, особено во ситуација кога искусниот Златко Хорват беше исклучително расположен за игра и давање голови.

Легендарниот Хрват беше убедливо најдобар играч на мечот и истиот го заврши со 10 постигнати гола, па секако тој ја направи главната разлика на теренот во победата од 21:28.

Овој натпревар беше од Групата Б во Суперлигата, а во истата конкуренција, вториот тим на Еурофарм Пелистер во втората рунда стигна до првата победа.

Битолчани славеа со уверливи 35:23 над Работнички на домашен терен, натпревар на кој посебно се истакнаа Кузмановски со девет и Дрогришки со седум погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни