Поврзете се со нас

Македонија

Хорхе Лоренцо му се приклучи на Рико Вуков во Порше Карера Куп Италија

Објавено

на

Трикратниот светски првак во најсилната мотоциклистичка класа, Хорхе Лоренцо, денеска објави дека оваа сезона ќе настапува како возач во трките со ГТ автомобилите, поточно во Порше Карера Куп Италија.

Веста ја пренесоа сите релевантни медиуми, а самиот Лоренцо даде своја изјава преку Инстаграм мрежата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JORGE LORENZO (@jorgelorenzo99)

– Започнува нова и возбудлива етапа од мојот живот. Сакам да му се заблагодарам на тимот „Q8 Hi Perform“ што ме избра за официјален возач за Порше Карера Куп Италија. Ние сме силни, обединети и амбициозни како тим, а јас едвај чекам да докажам дека можам да бидам конкурентен и на четири тркала,- напиша Шпанецот во својата објава.

Со ова тој влегува во истото натпреварување каде што во последниве две сезони вози и македонскиот пилот Рико Вуков, кој е ангажиран од тимот „GDL Racing“.

– Ова е одлична вест за мене и за македонските љубители на автомобилизмот кои ги следат моите настапи во Порше Карера Куп Италија и директните преноси кои се емитуваат на „Телевизија 24“. Хорхе Лоренцо е препознатлива икона во светот на брзините и драго ми е што ни се приклучува во натпреварувањето, бидејќи овие автомобили се дефиниција за трките. Новиот модел на Порше 911 GT3 куп (базиран на моделот 992), ќе дебитира оваа година и очекувам да има поинаков распоред на силите во однос на минатата година,- рече Вуков за „Дерби“.

Според најавите, новиот автомобил ќе има шестцилиндричен боксер мотор со зафатнина од четири литри, кој ќе произведува 510 коњски сили, а истовремено сопирачките ќе бидат посиромашни за досегашниот анти-блок систем (АБС) со што ќе се стави поголем акцент врз спсобностите на возачот.

– Првата средба со новото возило ќе ја имам на приватното тестирање во сабота на 9 април во Мизано, додека на 13 април предвиден е официјалниот тест за сите возачи, што ќе се одржи на патеката Монца. Сезоната ќе започне со гран при викендот во Имола, кога се возат две трки, на 7 и 8 мај,- додава Вуков.

Според најавите од Италија, и оваа сезона македонскиот возач ќе биде единствениот пилот во тимот на Џанлука ди Лоренци, „GDL Racing“, односно и оваа година нема да има тимски колега со кој ќе може да разменува податоци за штелувањето на возилото и искуствата од возењето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни