Поврзете се со нас

Германија

Хинтерегер постави апсолутен рекорд во Бундеслигата, Баерн навреме го деактивираше Ајнтрахт (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен одигра фантастично прво полувреме во кое можеше да даде доста повеќе голови од двата кои стоеја на семафорот, период од играта во кој посебно се истакна Томас Милер со една асистенција и еден погодок.

Резултатот го отвори Горецка по додавање на Милер во 17-та минута, а овој вториот ја дуплираше предноста пред крајот на првиот дел и Баерн на паузата замина со сигурна позитива. Истата беше уште поповолна откако на стартот на вториот дел погодок постигна и Роберт Левандовски, но ова беше само најава за гол-шоуто кое следеше во продолжение.

Австриецот Мартин Хинтерегер постигна два слични голови по изведен корнер од десната страна и набрзина го намали водство на Баерн на 3:2, а неговите два погодоци значително го здрмаа домаќин кој како да се опушти по водство од 3:0. Ајнтрахт Франкфурт сериозно притисна во потрага по трет гол и израмнување, но наместо тоа, пристигна огромна грешка на спротивната страна и подарен гол за бекот Дејвис.

Враќањето на предност од два гола ги опушти играчите на Баерн, а до крајот видовме уште еден погодок, или поточно автогол на стрелецот на двата гола на гостите. Автоголот сепак не треба да биде преголемо разочарување за Хинтерегер, бидејќи Австриецот со двата постигнати гола од корнер постави апсолутен рекорд во историјата на Бундеслигата, бидејќи стигна од осми погодок по една таква ситуација, нешто што никој го нема направено во историјата во Германија.

Исто така, Хинтерегер е најдобриот стрелец дефанзивец оваа сезона во најдобрите пет натпреварувања во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни