Поврзете се со нас

Англија

Хименес со комичен гол го сруши Лидс на Алиоски (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Лидс Јунајтед го претрпе вториот сезонски пораз во Премиер лигата, прв на домашен терен на „Иланд Роуд“.

Подобар од тимот на нашиот Џани Алиоски беше Вулверхемптон кој со еден комичен гол се избори за славје од 1-0. Најдобриот напаѓач на „волците“ Раул Хименес беше во налет во 70 минута, се ослободи од еден домашен фудбалер и потоа упати удар кон голот на домаќините, Филипс ја закачи топката со глава и истата заврши во мрежата на Лидс.

Избраниците на Биелса потоа не успеаа да го возвратат ударот што за нив значеше пораз, прв по оној на премиерата против Ливерпул (4-3).

Алиоски остана на клупата за резерви на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни