Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Херојот на Реал: Знаевме дека еден играч ќе ризикува…(ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид ја преживеа драмата на „Итихад“ и обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите каде ќе ги одмери силите со Баерн Минхен.

„Кралевите“ иако беа во подредена улога во најголемиот дел од средбата во Манчестер, се избори за резултат 1-1 кој им овозможи дополнителни 30 минути, а потоа и пенали во кои херој на клубот од Мадрид беше голманот Андреј Лунин кој ги скроти ударите на Бернардо Силва и Матео Ковачиќ.

-Најтешкото искуство што може да се доживее во Лигата на шампионите е гостувањето во Манчестер Сити. Само знаеш дека ќе страдаш. Има натпревари каде што не можеш да ја имаш топката и да докажеш дека си „подобриот тим“, тоа се натпревари кога апсолутно знаеш дека ќе се мачиш. Морам да кажам дека не би можел да истрчам толку колку што соиграчите тоа го направија во пет минути, а не пак 120, -рече Украинецот и додаде:

-Морам да им се заблагодарам на моите соиграчи за тоа колку напорно работеа пред мене. Пред пеналите се подготвивме, верувавме дека барем еден играч ќе се обиде да ризикува и да шутира во средината. Решивме да ризикуваме и за среќа, го избрав вистинскиот човек (Силва) и останав на тоа место, -подвлече Лунин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни