Поврзете се со нас

НБА

Херојот на Атланта по партијата од 44 шута: Коби би бил горд на мене (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/DejounteMurray

Атланта Хокс уште еднаш го изненади Бостон Селтикс и славеше со 123:122 на средбата на која се одигра во Џорџија и за која беа потребни дополнителни пет минути за да се добие победникот.

Херој на „јастребите“ беше Дежонте Мареј кој ги постигна сите поени за домаќините во продолжението (11) или поточно на крајот заврши со 44 поени.

Тој до овој учинок дојде преку неверојатни 44 шута од кои погоди само 18.

-Не сакам да шутирам толку пати, но знам дека Коби (Брајант) би бил горд на мене, -го искоментира Мареј својот настап.

Само Коби Брајант и Расел Вестбрук се единствените играчи кои во последните 20 сезони имале повеќе шутеви на еден натпревар од членот на Атланта

Инаку бекот имаше повеќе шутеви на овој натпревар отколку првите ѕвезди на Селтикс Џејсон Тејтум (22) и Џејлен Браун (17) заедно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни