Поврзете се со нас

Македонија

„Хендбол-планет“: Чупиќ се сели во редовите на Загреб

Објавено

на

Хрватскиот ракометен репрезентативец Иван Чупиќ, веќе решил каде ќе ја продолжи кариерата по крајот на оваа сезона, а негов следен клуб ќе биде ППД Загреб, – објави вечерва „Хендбол-планет“.

Актуелниот ракометар на македонскиот првак Вардар веќе најави дека може да ја промени средината во јуни, а овој извор тврди дека ќе се врати во својата земја.

Чупиќ освои три европски титули во својата 15-годишна интернационална кариера, па на 35-годишна возраст реши да се врати во Хрватска, каде ППД Загреб се обидува да формира силен тим.

Порталот наведува дека се работи за тригодишен договор, со што е јасно дека Чупиќ сака да ја заврши кариерата во најтрофејниот хрватски клуб, каде од следната година ќе настапува и Жељко Муса.

Чупиќ ја започна кариерата во Метковиќ, настапуваше и за Медвешчак, по што ја започна интернационалната кариера, во која покрај за Вардар, настапуваше и за Кјелце, Рајн-Некар Левен, Октавио и Горење.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни