Поврзете се со нас

Англија

Хаверц за голот со кој му донесе европска титула на Челси: Се плашев да не станам меме (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Челси ја освои титулата во Лигата на шампионите во минатата натпреварувачка сезона и тоа откако во финалето славеше над Манчестер Сити со 1-0.

Стрелец на погодокот вреден пехар беше германскиот репрезентативец Каи Хаверц кој во 42 минута успеа да ја затресе мрежата на Едерсон. Токму Хаверц се потсети на тој момент и призна дека постоела нервоза, страв да не промаши кога излезе сам, односно да не стане меме.

-Да, 1000 проценти постоеше нервоза. Овие моменти се секогаш најлоши, затоа што мислите што ако промашите, тогаш секако сте на Јутјуб, на Инстаграм или во секој меме, па само си велец: „Те молам, сега морам да постигнам гол. Потоа се разбира, се случи и тогаш ова се најдобрите моменти во фудбалот, -истакна Хаверц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни