Поврзете се со нас

Франција

Хаос на големото дерби: Ди Марија прележа коронавирус и плукна кон противникот, судијата подели пет црвени картони! (Видео)

Објавено

на

Големото дерби меѓу ПСЖ и Марсеј ќе се памети по вистинскиот хаос кој настана на теренот во неколку наврати, па токму поради тоа првата победа на гостите против „светците“ после неколку години остана во втор план.

Главната разлика во резултатска смисла ја направи Туван со голот во 31-та минута, но големото дерби меѓу вечните ривали ќе се памети по немили и непрофесионални случувања на теренот.

Ди Марија прв ги загуби нервите и во првото полувреме плукна кон противникот Алваро, и тоа неколку дена откако прележа коронавирус. Ваквиот потег го шокираше стоперот на Марсеј кој бараше најстрога казна, а притоа и испрати навредливи зборови на негова сметка.

Во оваа ситуација, ВАР не се активираше и никој не доби казна, а Нејмар обвини дека Алваро испрати расистичка навреда на сметка на Ди Марија за време на конфронтацијата.

Ова не беше единствениот хаос на теренот, бидејќи многу поголем имаше длабоко во судиското надополнување. Главниот судија Брисар имаше многу работа во 97-та минута, откако поради огромна мешаница мораше да додели дури пет црвени картони.

Амави и Бенедето беа испратени порано во соблекувалната од редовите на Марсеј, додека Курзава, Паредес и Нејмар беа играчите на ПСЖ кои потпаднаа под притисокот во мешаницата која настана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни