Поврзете се со нас

Свет

Хаос на фудбалски натпревар во Португалија, полицијата пукаше во воздух (ВИДЕО)

Објавено

на

Португалија важи како фудбалска земја, земја која денеска и низ историјата има дадено многу познати имиња, легенди, но и кај нив има проблеми, ситуации кои ги покажуваат сите слабости.

Имено од таму ни доаѓаат неверојатни сцени и тоа од дуелот меѓу Олимпико Монтихо и Виторија Сетубал Б каде настана вистинки хаос на теренот, тепачка во која учествуваа двете екипи и навивачите. Полицајците кои беа присутни не можеа да воспостават ред, па беа принудени да пукаат во воздух се со цел да се намали тензијата, смири ситуацијата.

Секако за ова ќе следат санкции, различен став околу тепачката имаа двајцата тренери, а стартегот на Олимпико Монтихо дури и истакна дека полицијата претерала и не смеела така да реагира.

-Понекогаш тимовите на крајот од натпреварот губат малку контрола над емоциите. Играчите, тренерите и директорите дојдоа преблиску едни со други и тоа резултираше со конфликт и одредена агресија, но потоа полицијата ја загуби контролата. Имам едно прашање, во безброј ситуации кога играчите се во конфликт, дали некој видел вакво нешто некаде? Дури и со напади полоши од тоа, никој не видел како полицијата испукала 10 истрели во воздух, -рече Марко Бичо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни