Поврзете се со нас

АТП

Хантухова: Ѓоковиќ може да игра уште 4-5 години, не знам што може да го запре

Објавено

на

Некогашниот светски рекет број пет, Даниела Хантухова верува дека Новак Ѓоковиќ може да ги стигне Рожер Федерер и Рафаел Надал по бројот на освоени грен слем титули.

Швајцарецот и Шпанецот зад своето име имаа 20 победи на најголемите турнири во тенисот, додека Ѓоковиќ во моментов има 17 пехари.

-Новак Ѓоковиќ е помлад и посвеж, а кондиционо е поподготвен од било кога порано. Тој сè уште е гладен, сè уште е мотивиран, му се восхитувам поради тоа. Федерер и Надал по се што освоија се уште се гладни и способни да ја подобрат играта. Мислам дека за тоа можат да си се заблагодарат еден на друг.

-Мислам дека Новак сè уште има многу сила во нозете – се додека е здрав и мотивиран, не гледам што може да го спречи. Тој е силен физички и психички, би рекол дека може да игра на ова ниво барем уште четири-пет години. Физиотерапевтите ја завршуваат својата работа, а техниките за закрепнување се сосема различни од пред 15 години – тоа му помага подобро да закрепне, -порача Хантухова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни