Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон се потсмеваше со стратегијата на Ферари, реакцијата на Ферстапен е урнебесна (Видео)

Објавено

на

Ферари беше на добар пат да се надева на еден-два победа во Унгарија, но наместо тоа, на крајот доживеа вистинско фијаско на Хунгароринг, и тоа поради својата очајна стратегија.

Скудерија комплетно ја утна тактиката со гумите и им направи проблеми на своите двајца возачи со последните менувања, а тоа особено важи за Шарл Леклер кој возеше со убедливо најлошата компонента.

Возачот од Монако беше повикан во бокс за да му бидат ставени тврди гуми, по што почна да тоне во поредокот и откако повторно беше повикан во бокс, на крајот заврши шести.

Оваа стратегија на Ферари наиде на огромна осуда во Италија и сите бараат одговорност од тимскиот шеф Биното, а колку всушност стратегијата изгледаше лошо и во очите на ривалите најдобро ни илустрира видеото од собата за одмор.

Луис Хамилтон се потсмева на тоа што Ферари користеле тврди гуми, а урнебесна е реакцијата на Ферстапен и Расел кој се насмеаја на констатацијата на Британецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни