Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон откри кога ќе стави крај на кариерата: Сигурно ќе се повлечам во оној момент кога…

Објавено

на

Еден од најдобрите Ф1 пилоти во историјата, Луис Хамилтон во својата последна изјава откри кога планира да стави крај на својата кариера.

Британецот се уште нема потпишано нов договор со Мерцедес и се уште не е јасно зошто ја нема обновено соработката со шампионскиот тим со кој шест пати се искачуваше на највисокиот пиедестал на крајот на сезните.

Тоа што се уште не му е продолжен договорот доведе до низа шепкулации дека Хамилтон набрзо ќе стави крај на својата кариера.

На ваквите шпекулации коментар даде и самиот Хамилтон кој истакна дека сам ќе одлучи кога ќе се повлече од активното возење на болиди во Формула 1.

– Сите во животот минуваме низ кризи. Го бараме тоа што во нас буди страст. Искрено и јас бев во ситуација кога таа потрага беше многу сериозна.

– Имаме еден живот и мора да уживаме во него. Кога ќе го паркирам болидот во гаражата и ќе излезам надвор на моето лице се уште има насмевка, дури и после сите овие години поминати во овој спорт. Во ојо момент кога ќе сфатам дека тоа не е случај, тогаш сигурно ќе се повлечам, -заклучи британскиот пилот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни