Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон му го „украде“ првото место на Ботас и од идеална позиција ќе брка Ф1 историја

Објавено

на

Луис Хамилтон пред две седмици го израмни историскиот рекорд на Михаел Шумахер по бројот на остварени победи во Формула 1 (91), а утре Британецот ќе има добра шанса да избие сам на вечната листа откако одново се избори за прво место во квалификациите.

Иако се чинеше дека ќе стартува од второто место, Хамилтон како и по обичај извозе брутален круг во својот последен обид, па со тоа му го „украде“ првото место на својот тимски колега Ботас, со што стигна до своја 97-ма пол позиција во кариерата.

Светскиот шампион издоминира во својот последен обид во Портимао и постави најдобро време со 1.16.652, оставајќи ги зад себе Ботас и Макс Ферстапен.

Додека Себастијан Фетел никако не може да избори место во последната квалификациска сесија, Шарл Леклер вади и повеќе од максимумот со своето Ферари, па се избори за фантастично четврто место за утрешната трка за Големата награда на Португалија.

Моначанецот оствари речиси половина секунда послабо време од Хамилтон, а зад него се најдоа Перез, Албон, Сајнц, Норис, Гасли и Рикиардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни