Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон го надмина Шумахер и испиша Ф1 историја во Португалија (Фото)

Објавено

на

Луис Хамилтон вчера стигна до својата 97-ма пол позиција во кариерата, а ова попладне со златни букви го испиша своето име во историјата на Формула 1 откако стигна до светски и апсолутен рекорд.

Британецот пред две седмици го израмни историскиот рекорд на Михаел Шумахер по бројот на остварени победи во најбрзиот циркус во светот, но сега го остави легендарниот Германец зад себе, стигнувајќи до рекордната 92-ра победа во кариерата, најмногу на сите времиња во Формула 1.

Хамилтон стартуваше прв на трката за Големата награда на Португалија која имаше луд почеток, но и покрај тоа што воведните кругови му припаднаа на Сајнц кој сензационално возеше и дојде до првото место, во продолжение работите се вратија во нормала.

Светскиот првак падна на третото место, но брзо следеше пад на Сајнц, по што пред Хамилтон остана само неговиот тимски колега Валтери Ботас. Некаде на средина на трката, Хамилтон успеа да го престигне Ботас и ја одведе трката во посакуван правец, а до крајот доминантно стигна до нова Ф1 победа, која има историско значење во овој спорт.

И покрај тоа што се обиде да ја промени стратегијата со нови гуми, Ботас не успеа да му се приближи на Хамилтон, па мораше да се задоволи со сигурното второ место на кое се навикна во друштво на својот доминантен тимски колега. Трет во Португалија заврши Макс Ферстапен со својот Ред Бул, додека максимум одново извлече Шарл Леклер со четвртото место. Меѓу првите десет уште се најдоа Гасли, Сајнц, Перез, Окон, Рикиардо и Фетел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни