Англија
Халанд се обиде, но имаше неуспешен обид да го ископира легендарниот гол на Ибрахимовиќ (Видео)

Манчестер Сити го победи Арсенал со голот на Аке и се пласираше во осминафиналето на ФА Купот, но дербито кое се одигра на „Итихад“ ќе се памети и по една акробација која ја изведе Ерлинг Халанд.
Норвежанецот не успеа да се запише во листата на стрелците против лидерот во Премиер лигата, меѓутоа неговиот обид за „ножички“ надвор од шеснаесетникот потесети на еден неверојатен момент на Златан Ибрахимовиќ.
Халанд се обиде да го ископира легендарниот гол на Ибракадабра со акробација далеку од шеснаесетникот, но сепак неговиот обид беше неуспешен, бидејќи топката не беше доволно силна за да заврши во гол, а на вистинско место се најде и Томијасу.
Како и да е, обидот на Халанд беше вреден за одбележување, па беше споделен и од страна на официјалниот профил на англискиот ФА Куп.
Инаку, незаборавниот гол Ибра го постигна од 30 метри против селекцијата на Англија во 2012-та година, што за многумина е најдобар погодок со „ножички“ во историјата на фудбалот.
Just imagine 💭😂@ErlingHaaland with the acrobatics 🚲#EmiratesFACup pic.twitter.com/ONd5dxBCo8
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 27, 2023
-
Македонијапред 8 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Англијапред 18 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Лига на шампионипред 5 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Германијапред 17 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 16 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 15 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 18 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……