Поврзете се со нас

Свет

Халанд: Не давам доволно голови, морам да имам…

Објавено

на

Ерлинг Халанд својата одлична форма од клупски ја префрли и на репрезентативен план каде беше извонреден во дресот на Норвешна во септемвриските квалификации за Светското првенство.

Тој даде по еден гол против Холандија и Летонија за да вчера „испука“ хет-трик против Гибралтар за да дојде до бројката од 12 погодоци на 15 средби во репрезентацијата. Меѓутоа фудбалерот на Борусија Дортмунд не е задоволен од учинокот и сака уште голови зад своето име.

-Не давам доволно голови. Во просек сум блиску до еден гол [по натпревар]. Јас лично мислам дека требаше да имам повеќе голови од натпревари, -истакна Ерлинг кој сака да го надмине рекордот на Јорген Јуве (33).

-Веројатно можете да замислите кон што целам -истакна Норвежанецот кој сега ќе треба да се фокусира на настапите со Дортмунд во Германија и ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни