Лига на шампиони
Халанд и Рашфорд срушија рекорди во Лигата на шампионите
Младите и талентирани напаѓачи на Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед, Ерлинг Халанд и Маркус Рашфорд во вечерашните натпревари од Лигата на шампионите се запишаа во книгата на рекорди во ова натпреварување.
Борусија Дортмунд игра против Клуб Бриж и веќе има солидна предност од 3:0, а стрелец на првиот погодок беше токму Ерлинг Халанд кој го постигна и третиот гол на средбата.
Голот на Халанд беше негов 15. гол во Лигата на шампионите со што стана првиот играч кој стигнал до овој број на голови со само 12 одиграни натпревари во најелитното натпреварување.
Претходно овој рекорд го држеа Руд ван Нистелрој и Роберто Солдадо кои постигнаа по 15 гола за 19 натпревари.
Што се однесува до Маркус Рашфорд тој стана најмладиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед кој постигнал 15 погодоци во Европа. Со 23 години и 24 дена Рашфорд го помина Вејн Руни кој досега го држеше рекордот со 23 години и 47 дена.
-
АТПпред 16 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 13 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 16 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 14 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
НБАпред 15 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
АТПпред 8 часа
Тенисер кој пред две недели играше во Скопје, денеска го освои Ролан Гарос