Поврзете се со нас

Италија

Хакими покажа напаѓачки квалитети, Интер влезе во победнички ритам (Видео)

Објавено

на

Антонио Конте го критикуваше Ашраф Хакими за играта во одбрана и нагласи дека мора многу повеќе да работи на играта во дефанзива, но од друга страна, тренерот на Интер може да биде презадоволен од учинокот кој го има порашениот играч на Реал во офанзивните задачи.

Десниот бек на Интер денеска се покажа во улога на голгетер и демонстрираше напаѓачки квалитети, со кои му овозможи на својот тим на го продолжи победничкиот ритам, а воедно и да ја прекине лошата серија на Интер против Болоња на домашен терен.

Интер двапати во низа загуби Болоња на домашен терен во последните две средби, но оваа вечер тимот на Синиша Михајловиќ не можеше да се носи со расположениот Хакими, но и останатите играчи на Конте.

Резултатот всушност го отвори Ромелу Лукаку по еден стандарден гол во негов стил, а пред крајот на првиот дел, Хакими со својата послаба лева нога зголеми на 2:0.

Вињато во 67-та минута внесе резултатска неизвесност и ги предизвика избраниците на Конте, но само три минути подоцна, Хакими со својот втор гол со лева нога ја потврди третата последователна победа со која Интер се врати на второто место на табелата во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни