Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за новото засилување на Ливерпул: Англија ќе ужива во мајсториите на Тијаго

Објавено

на

Тијаго Алкантара е најновото засилување за Ливерпул, второ во овој преоден рок по левиот бек Костас Цимикас кој пристигна од Олимпијакос.

Шпанскиот репрезентативец се очекува да донесе свежина на средината на теренот, нешто ново со оглед на неговите извонредни квалитети. Еден од оние кој многу добро го познава Алкантара е Пеп Гвардиола кој со креативецот работеше во Барселона и Баерн Минхен, па запрашан за тоа што мисли за него и дали Манчестер Сити бил заинтересиран да го доведе на „Итихад“ тој одговори:

-Имаме доволно опции на оваа позиција и нормално мора се ослободиме од некого кога ни е потребен нов играч. Имаме доволно фудбалери на оваа позиција.

-Среќен сум што е во Англија. Англија ќе ужива во навистина добар играч, -порача предводникот на „граѓаните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни