Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Тоа е финале за нас

Објавено

на

foto:twitter.com/SofascoreINT

Манчестер Сити го доби Њукасл со 2-0 и на позитивен начин го заврши овој дел од сезоната во кој сега следи пауза поради периодот наменет за репрезентациите.

Околу две недели ќе трае „одморот“ по што доаѓаат нови предизвици од кои првиот за „граѓаните“ е Арсенал, тим кој е на првото место во Премиер лигата. Сити сака да ја одбрани титулата во домашното натпреварување и Пеп Гвардиола го опиша соочувањето со „топчиите“ како финале.

-Имаме финале против Арсенал. Ама сега ќе се одмориме. Не сакам да размислувам за иднината – ова беше толку интензивен период. Со играчите [на меѓународна должност] промената на средината е добра, на некои од нив ќе им биде дозволено да ги видат своите семејства. Кога ќе се вратиме, имаме три дена да се подготвиме за натпреварот против Арсенал. Одиме, -порача Шпанецот.

Средбата Сити-Арсенал е закажана за 31 март на „Итихад“ од 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни