Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола по освоената титула во ЛШ: Реал Мадрид нека не биде премногу самоуверен…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола доби безброј критики во изминатите години, но особено беше на мета кога тимот загуби во големото финале во Лигата на шампионите пред две години.

Манчестер Сити тогаш загуби од Челси и многумина си дадоа за право дека Пеп ќе биде неуспешен се додека не го освои најпрестижниот трофеј, нешто што се случи вчеравечер во Истанбул.

После многу неуспешни обиди со Баерн Минхен и Манчестер Сити, Шпанецот конечно го дочека „клемпавкото“ во своите раце како менаџер на „граѓаните“, а откако го подигна со големо задоволство, беше расположен и за иронични коментари.

– Реал Мадрид нека не биде премногу самоуверен во иднина, сега сме само на 13 титули од нив. Одиме да ги стигнеме во иднина…….., – иронично изјави Гвардиола, кој потенцира дека фудбалските богови конечно биле наклонети кон Сити.

– Ова натпреварување е како фрлање паричка. На крајот Интер можеше да израмни и да го однесе мечот во продолженија и таму да загубиме. Исто така, Фоуден можеше да даде втор гол и да победиме 2:0. Овојпат беше предодредено за нас, беше напишано на ѕвездите дека ние ќе го освоиме трофејот. Направивме уникатна работа со оваа триплета и многу сум среќен. Сега бевме фаворити и го оправдавме тоа, претходно игравме катастрофално кога влегувавме како фаворити.

– Имам зборови и за Интер. Сакам да им честитам за натперварот кој го одиграа. Тие се втор најдобар тим во Европа и тоа е неверојатно. Исто така сакам да се заблагодарам на спортскиот директор на Сити и на оперативецот, на моите шефови. Кога не се освојува титула во Лигата на шампионите во ваков клуб, обично те отпуштаат, но со мене не беше така, – изјави Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни