Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола и Анчелоти ги избраа почетните состави, има само една промена (ФОТО)

Објавено

на

Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе водат борба за пласман во големото финале на Лигата на шампионите, односно само за една екипа ќе има место во Истанбул.

Без победник заврши првата средба во Шпанија, па затоа многу се очекува од вечерашниот дуел за кој тренерите Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти се решија да направат само една замена од мечот на „Сантијаго Бернабеу“.

Гвардиола се реши да започне со истата единаесетка, додека дон Карло го врати Милитао на местото на Ридигер. Германецот одлично си ја заврши работата мината седмица, ама по се изгледа Милитао има поголема доверба кај стратегот, па по одработената суспензија се враќа на теренот во стартните единаесет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни