Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола го цитираше Кројф по болната елиминација од Реал: Среќата не постои во фудбалот!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Карло Анчелоти заклучи дека Реал Мадрид можел да го победи Манчестер Сити само со дефанзивна поставеност и со пожртвувана игра на секој дел од теренот, а таквата порака на искусниот италијански стручњак беше искоментирана и од Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стручњак порача дека не можел да добие поголема пофалба од изјавата која ја дал неговиот поискусен колега, но додека правеше анализа на четвртфиналето кое беше решено во пенал рулетот, Гвардиола го цитираше и Јохан Кројф.

– Анчелоти изјавил дека Сити може да се победи само на ваков начин? Каква пофалба, не може да добиеме подобар комплимент. Честитики за Реал Мадрид, не треба да прашувате дали некој заслужил, или не заслужи да оди понатаму. Не успеавме да постигнеме уште еден гол и тоа беше клучно. Како тренер, секогаш се обидувам да креираме повеќе од противникот, но понекогаш и тоа не е доволно за победа. Немам што да им забележам на играчите. Реал е во полуфиналето и треба да им се честита.

– Тоа е што е, реално требаше да победиме според начинот на кој игравме, сите мои играчи беа на на највисоко нив. За да го победите Реал мора да бидете на највисоко ниво, но овојпат и тоа не беше доволно.

– Како што велеше големиот Јохан Кројф: Среќата не постои во фудбалот. Не постигнавме уште еден гол, тоа беше пресудно. Направивме се, само не постигнавме втор гол. Боли да се загуби на ваков начин, ќе ни биде тешко денес и утре, но во фудбалот не може да победувате секогаш. Ова е фудбал, ќе победевме во секој друг спорт со вакво издание. Затоа фудбалот е посебен и уникатен, а воедно и непредвидлив. Реал беше способен да се брани и беше истраен, беа многу добро организирани и мора да им се честита, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни