Поврзете се со нас

Англија

Гундоган призна дека бил пред трансфер во голем ривал на Манчестер Сити: Имаше разговори со нив

Објавено

на

Илкај Гундоган го минува можеби и најдобриот период од својата кариера како член на Манчестер Сити. Играчот од средниот ред игра на врвно ниво во последните натпревари и сосема заслужено ги собра и индивидуалните признанија во клубот за изминатиот месец.

Гундоган пред пет години го замени дресот на Борусија Дортмунд со оној на Манчестер Сити, а по периодот на адаптација сега се наметна како незаменливо решение во тимот на Пеп Гвардиола.

Пред натпреварот со Арсенал, германскиот репрезентативец истакна дека додека играл во Борусија Дортмунд бил пред трансфер во ривалот на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед.

– Имаше разговори. Мислам дека две или три години пред да дојдам во Сити кога играв за Борусија Дортмунд. Никогаш немаше напредни преговори затоа што Борусија Дортмунд даде дознаење дека не сакаат да ме продадат, а јас имав уште неколку години од актуелниот договор, па немаше поента да навлегувам во подетални разговори со никој во тој момент. Токму затоа таквиот трансфер не се случи, -изјави Гундоган за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни