Поврзете се со нас

Македонија

Грнчаров и Бајевски ќе бидат лидери на Вардар и наредната сезона

Објавено

на

Бобан Грнчаров ја доврши сезоната како привремен тренер на Вардар, но сега дојде до промена на оваа улога и се претвори во перманентна опција, откако клубот му подготви тригодишен договор.

Поранешниот капитен на Вардар ќе добие долгорочен проект за враќање на клубот во елитата и сега ќе биде лидер од клупата, а еден од помошниците ќе му биде Един Нурединовски.

Покрај ова, во официјалната вест на Вардар се потенцира дека е продолжен договорот и на спортскиот директор, Александар Бајевски кој исто така е „црвено-црна“ легенда.

– Спортскиот директор Александар Бајевски го продолжи договорот со нашиот клуб за наредните 3 години и моментално активно работи на засилувања за наредната сезона за кои што ќе бидете известени во наредниот период.

– Бобан Грнчаров е назначен за шеф на стручниот штаб во наредните 3 сезони кој како вршител на должноста тренер на Вардар во целост ја оправда укажаната довербата. Помошници на тренерот ќе бидат Златко Таневски и Един Нурединовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни