Поврзете се со нас

Македонија

Гостиварци ја пробија „стотката“ за втора победа во шампионатот

Објавено

на

Тимот на Гостивар ја прокнижи втората победа во домашниот шампионат и тоа против новајлијата во елитната конкуренција Црн Дрим Грин мобил.

Домашниот состав во еден ефикасен меч кој се играше без одбрани ја оправда улогата на фаворит и славеше со 109:95. Избраниците на Марјан Србиновски ги добија во своја полза сите четири периоди, најрасположени за игра беа Костоски со дабл-дабл од 28 поени и 11 асистенции, Тодоровиќ кој исто дојде до двоен учинок од 23 кошеви и 11 скокови и Мозли со 22 поени.

Исто така двоцифрени беа резервистите Армстед, Тасовски и Штерјов со 10 и 11 поени.

Рос со 22 и Клусен со 21 поени беа лидери кај Црн Дрим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни