Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар во контроверзна завршница освои три бода против „лавовите“

Објавено

на

Гостивар доминираше во пресметката со Македонија Ѓорче Петров и создаде повеќе шанси за гол, но на крајот победи во контроверзни услови кои сигурно ќе предизивкаат нова лавина од реакции.

Домашниот тим победи со гол од пенал во 89-та минута, но се чини дека една акција претходно, „лавовите“ беа оштетени за чиста најстрога казна која не беше досудена од главниот арбитар.

Играчите на Македонија силно протестираа за ваквиот расплет на настаните, но тоа не ја наруши концентрацијата на Кехинде кој мирно ја спроведе топката во мрежа за 1:0.

Ова се покажа како конечен резултат на оваа средба, што прави Гостивар да има многу помирна зима и да го пречека пролетниот дел од сезоната во горниот дел од табелата, а Македонија во долниот.

„Лавовите“ се блиску до опасната зона и со 18 освоени бода можат да бидат престигнати од Воска и Брегалница и да завршат под црвената линија до крајот на ова коло кое е последно во македонскиот фудбал во 2023-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни