Македонија
Гостивар се пофали со три засилување, а дванаесет играчи потпишаа нови договори
Екипата на Гостивар во натпреварувачката 2023/2024 ќе биде дел од Првата македонска лига, па клубот веќе почна да се подготвува за тој предизвик.
Од Гостивар си заминаа дел од играчите, но на нивно место ќе бидат ангажирани адекватни замени и тоа се гледа по последните потези. Нови членови на македонскиот прволигаш се Пепи Ѓоргиев, Мустафа Мујезиновиќ и Зехрудин Мехмедовиќ.
Ѓоргиев и Мујезиновиќ и се познати на домашната публика, последниот тим на Пепи беше Шкупи, додека Мустафа играше за Шкендија. Мехмедовиќ пак е српски интернационалец кој доаѓа од Сингапур.
Воедно дури 12 фудбалери ја продолжија верноста кон „сино-белите“ и тоа Реџан Абази, Емран Рамадани, Бујар Абази, Андреј Кировски, Фисник Зука, Амир Јашар, Ринор Ајдини, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Рушту Јонус, Стојан Стојчевски, Ѓорѓи Танушев и Енис Дервиши.
-
НБАпред 19 часа
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
Шпанијапред 15 часа
„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол (Видео)
-
Формула 1пред 16 часа
Голем удар за Ред Бул: Адријан Њуи најавил дека планира нов предизвик
-
Шпанијапред 12 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола не се согласува со Клоп и Ван Дајк и одговори со различен став
-
Македонијапред 19 часа
Анализа по првиот настап: Можеме и подобро, свежа мотивација за Золдер!
-
Англијапред 16 часа
Кулушевски доби најдобар можен роденденски подарок (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Јувентус договорил нов голман, наследникот на Шчесни ќе биде Италијанец