Поврзете се со нас

Светски првенства

Голгетерски крал: Лазаров се одјави од Египет со неверојатен јубилеј и уникатен рекорд! (Фото)

Објавено

на

Кирил Лазаров немаше причина за големо задоволство по крајот на мечот со Белорусија и покрај тоа што беше избран за играч на натпреварот, бидејќи македонската репрезентација го заокружи најлошиот настап на еден мундијал, и тоа на местото на кое нашиот капитен дебитираше пред 22 години.

Колективниот неуспех направи Кире да има крајно сериозна гримаса додека ја добиваше наградата за најдобар поединец на паркетот, но последниот пораз на ова Светско првенство не може да ги избрише неверојатните бројки на македонскиот „бомбардер“ кој испиша нова историја.

На местото на кое го постигна својот прв гол во 1999-та година, Кирил Лазаров го постигна и својот јубилеен 500-ти гол на Светските и Европските првенства, и тоа со седмиот и последен погодок на денешниот меч против Белорусија.

Македонската ракометна легенда продолжи да пишува ракометна историја и постави нов рекорд на највисоката сцена, бидејќи никој претходно не постигнал 500 голови на големите натпреварувања.

Лазаров е вистински симбол за „гол машина“ на најважните натпреварувања и така го заврши и последниот натпревар на овој турнир, кој сите се надеваме дека сепак нема да биде последен во неговата блескава кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни