Поврзете се со нас

НБА

Големата ѕвезда во налет на Мемфис: Ќе го „зготвам“ Џордан во дуел еден на еден!

Објавено

на

Џа Морант остави брилијантна сезона зад себе и го привлече вниманието на целата јавност во Америка, но посебно на Ален Ајверсон кој порача дека само прашање на време е кога ѕвездата на Мемфис ќе биде избран за најдобар играч во НБА лигата.

Морант има само 22 години и пука од самодоверба по изданијата кои ги имаше на највисока сцена, но сепак неговите зборови во последното радио гостување се протолкувани како преамбициозни, па дури и потценувачки кон една од најголемите легенди кои некогаш заиграле во НБА лигата.

Според многумина, Мајкл Џордан е најквалитетниот кошаркар кој некогаш ја заиграл оваа игра, но Морант вели дека не би му се дал во дуел еден на еден, заклучувајќи дека тој и би победил.

– Навистина посакував да бидам дел од неговата генерација играчи. Начинот на кој ги сфаќал работите, менталниот склоп кој го имал. Би сакал да играм против него….

– Би го зготвил и Џордан. Никој нема поголема самодоверба од мене. Никогаш нема да кажам дека ќе загубам од некој во дуел еден на еден, од било кој, – потенцира Морант кој сезоната ја заврши со 27,4 поени, 5,7 скокови и 6,7 асистенции по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни