НБА
Голема драма во Мајами: Вајт побрз од сирената, Бостон на чекор од неверојатен пресврт и нова историја во НБА лигата (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон Селтикс успеа да слават над Мајами Хит со 104-103 од пресметката против Бостон Селтикс во финалето на Истокот и со тоа да израмнат на 3-3 во оваа серија.
Ова за „келтите“ беше меч да се биде или не, а на крајот по една голема драма и пред звукот на сирената се изборија за „мајсторка“ која ќе се игра во „Ти-Ди-Гарден“. Бостон го имаше последниот напад при негатива 103-102, обидот на Смарт за три поени беше неупешен и кога сите домашни навивачи помислија дека се е готово, офанзивен скок имаше Вајт и ја смести топката во мрежичката со звукот на сирената.
DERRICK WHITE CALLED GAME 😱 pic.twitter.com/5pSNFYqAk6
— NBA TV (@NBATV) May 28, 2023
FATHER STRETCH MY HAND x DERRICK WHITE pic.twitter.com/LIrXLxqZPD
— Barstool Sports (@barstoolsports) May 28, 2023
Судиите мораа да ја погледнат снимката пред да го потврдат кошот, а откако тоа го направи „келтите“ го прославија триумфот. Сега Селтикс се на чекор да испишан историја, поточно во својот дом можат да станат прва екипа која по негатива од 3-0, се вратила во игра и славела во серија со 4-3.
Претходно три тимови избориле ваков решавачки дуел, ама не го комплетирале кам-бекот-тоа се Портланд Трејл Блејзерс во 2003 година, Денвер Нагетс во 1994 година и Њујорк Никс во 1951.
Кога се во прашање стрелците Тејтум (31 поен и 12 скока) и Браун (26 поени и 10 скока) имаа дабл-дабл учиноци, Смарт додаде 21 кош, а херојот Вајт 11 поени.
Кај поразените Батлер и Мартин искомбинираа 45 поени.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 9 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 22 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 24 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)