Поврзете се со нас

Боречки спортови

Голем борец: Волкановски го растурил Холовеј со скршен прст (Фото)

Објавено

на

Австралискиот ММА борец, Александар Волкановски кој има македонски корени и гордо го покажува тоа, на последната борба со Макс Холовеј настапувал со скршеница на дланката.

Волкановски стигна до трета победа против американскиот пертставни Холовеј, овојпат за разлика од претходните два пати, извојувана доста убедливо.

Борачот на социјалните мрежи сега објави фотографија со која потврди дека голем дел од борбата во октагонот ја поминал со скршен прст, но тоа не го спречило да дојде до нова победа и нов шапионски појас.

– Го скршив палецот во втората рунда, но тоа не не спречи. Денеска имав операција и ќе бидам надвор од октагонот околу 12 недели. Со нетрпение очекувам да се вратам, ви благодарам на сите за поддршката, -напиша Волкановски во кратката порака на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни