Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гол за историја: Како Циндриќ ја потопи Барселона (Видео)

Објавено

на

Вардар заслужено се најде во големото финале на Лигата на шампионите, а последниот решавачки гол во победата од 26:25, го постигна Лука Циндриќ.

Хрватот стави печат на драматичната завршница во Келн, постигнувајќи гол во последните секунди, а со удар за кој Перез де Варгас немаше ама баш никакво решение и ќе остане запаметен како историски за клубот и македонскиот ракомет.

– Немаше договор да шутира Циндриќ, туку првиот што ќе се ослободи. Се договоривме да не чекаме до крај и да шутираме штом се создаде шанса. Тој се ослободи прв, шутираше и погоди,- изјави Чупиќ за „Дерби“ опишувајќи го крајот на натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни