Поврзете се со нас

Свет

Ѓорѓев стави печат на дерби победата на Грасхоперс (ВИДЕО)

Објавено

на

Повремениот македонски репрезентативец, Никола Ѓорѓев на идеален начин ја започна новата календарска година во дресот на Грасхоперс.

Во првиот официјален меч во 2021, популарните  „скакулци“ се изборија за дерби победа против Лозана од 2-0, а еден од погодоците беше дело токму на поранешниот младински репрезентативец на Македонија.

Никола влезе во игра на стартот на второто полувреме за да во самиот финиш, судиското продолжение со ладнокрвна завршница стави точка на победата на неговата екипа. Ова за Ѓорѓев беше 4 гол во втората лигата на Швајцарија, а зад своето име има и 6 асистенции.

Грасхоперс по 16 кола има 32 бода и се наоѓа на лидерската позиција на табелата.

Овде можете да го погледнете голот на Македонецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни