Свет
Ѓорѓев со одличен гол од контра ја најави победата на Шафхаузен (ВИДЕО)

Повремениот македонски репрезентативец, Никола Ѓорѓев продолжува да блеска носејќи го дресот на Шафхаузен, тим кој е на првото место во втората лига на Швајцарија или поточно е на добар пат да се врати во елитната конкуренција.
Составот на Шафхаузен славеше со 5-2 на гостувањето кај Тун иако губеше со 1-0 по 22 минути игра. Од тука почна шоуто на гостите кои прво преку Лика израмнија на 1-1 за да во 31 минута нашиот Ѓорѓев одлично се снајде по една контра, се ослободи од Сутер и стрела за целосен пресврт.
Со овој резултат од 2-1 се замина пауза по што во вториот дел видовме уште четири погодоци за убедливо славјена гостите.
Ова за Никола беше 4.гол, а има и уште толку асистенции на 14.досегашни натпревари за Шафхаузен. До крајот остануваат уште две кола, а пресудно може да биде наредното кога Ѓорѓев и компанија ќе го пречекаат второпласираниот Арау.
-
Англијапред 9 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 5 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 23 часа
Салах испрати одговор со еден збор откако беше запрашан дали ќе игра против Реал во финалето во Париз (Фото)
-
Германијапред 7 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Мурињо имаше што да види: Рома шутна 46 пати, но не победи против „фенерџијата“ (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 8 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 6 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…