Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа стартуваше сигурно и во сингл на турнирот во Телави

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари сигурна победа на стартот на делот во сингл конкуренција на турнирот во Телави, Грузија.

По триумфот во игра на двојки во текот на вчерашниот ден, Ѓорческа сега ја оправда фаворитската улога против бугарската тенисерка Гергана Топалова.

На нашата најдобра тенисерка и беа потребни 82 минути за да го добие мечот со 2:0, односно 6:2 и 6:3 во сетови, со што како трета носителка оди во следната сингл рунда.

Ѓорческа ќе има улога на фаворит и утре, кога во рамките на осминафиналето ќе се соочи со Швајцарката Јоан Цугер.

Утре македонската тенисерка ја чека двојна програма, бидејќи игра и во дубл заедно со Валерија Стракова од Украина, а во четвртфиналето ќе се соочат со грузиско-словенечката двојка Далакишвили-Фалкнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни