Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа покажа моќ и ја разби тенисерката која имаше седум победи во низа

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/ladiesopen

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се избори за полуфинале на ИТФ фјучерсот во Ларнака (Кипар) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа денеска имаше незгоден противник на хартија и тоа Ксенија Зајцева која го дочека овој дуел во одлична форма со седум победи во низа, серија при која го освои турнирот во Ираклион на Крит.

Меѓутоа Русинката денеска налета на расположената Лина која ја разби во два сета со 6-2 и 6-2. Тетовката ги користеше брејк шансите, реализираше 4 од 6 топки за разлика од Ксенија која имаше 0 од 9.

Севкупно Лина освои 73 поени или 22 повеќе од Зајцева.

За место во финалето нашата тенисерка ќе се бори против Нурија Бранкачo која има 23 години и е 240 на ВТА листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни