Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа по голема борба загуби од најдобрата бугарска тенисерка

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа продолжи со своите настапи на турнирот во Белград кој е организиран од Академија Типсаревиќ.

Во текот на вчерашниот ден Ѓорческа во првиот меч од групата Ф загуби од Ивана Јоровиќ со 2-0 во сетови (7:6 (3), 6:4), додека пак денеска по голема борба тетовката одново беше поразена и тоа од Изабела Шиникова.

Дуелот траеше два ипол часа, се играа три сета, а завршниот беше решен во тај-брејк со 7-5 (6:4, 4:6, 7:6 (5)) за Бугарката која е една од најдобрите тенисерки во својата земја (187 на ВТА листата, подобро рангирана од неа е само Викторија Ромова-130).

За Лина нема одмор и следниот меч го игра утре против Тијана Сретеновиќ која претрпе два тешки порази од Јоровиќ и Шиникова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни