Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа остана без полуфинале во двојки во Загреб

Објавено

на

Лина Ѓорческа и нејзината партнерка Леа Бошковиќ не успеаа да обезбедат пласман во полуфиналето во игра на двојки на силниот ИТФ фјучерс што се игра во Загреб на земјена подлога.

Македонско-хрватската комбинација немаше решение за третите носителки Барбара Хас (Австрија) и Кава Катаржина (Полска). Средбата на теренот број 17 траеше точно еден час и десет минути, период во кој фаворитките дојдоа до 6-4 и 6-3, поточно до 2-0 во сетови.

Леа и Лина искористија само четири од десетте брејки топки или 40 проценти што беше далеку помалку од учинокот на ривалките кои имаат седум од тринаесет или поточно 54 проценти што се покажа и како клучно за исходот на мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни