АТП
Ѓоковиќ за провокацијата од Надал: Премногу го почитувам како човек и најголем ривал…

Новак Ѓоковиќ веќе некој период мирува и го чека својот нов настап, турнир на големата сцена, па овој меѓупростор го искористи за да даде големо интервју за „Спортал“ каде меѓу другото даде свој коментар за неодамнешната изјавата на Рафаел Надал која беше доста врема актуелна, топ тема во тениските кругови, медиуми.
Надал посочи дека Ѓоковиќ би бил исфрустриран ако не станеше број еден, односно не дојдеше до бројката на најмногу освоени грен слем титули.
Надал го закачи Ѓоковиќ и го запали тенискиот свет: Toa ќе беше поголема фрустрација за него…
Светскиот рекет број еден не сакаше дополнително да ја продлабочува темата, ама порача дека не се согласува со тоа што го кажа бикот од Мајорка,
-Видов дека стана доста вирално, дека луѓето зборуваат за тоа. Секој има право на свое мислење и како ќе толкува некој друг во тој контекст. Тоа е се што можам да кажам. Рафа е голем шампион, многу го ценам и почитувам како шампион, како мој најголем ривал, како човек и тенисер кој во голема мера учествуваше во обликувањето на мојата игра и резултатите што ги постигнав.
-Немам намера на ниту еден начин да зборувам во негативен контекст за него или за Рожер Федерер, бидејќи мојата почит ги надминува можеби некои негативни мислења за нив. Тоа е негово мислење со кое се разбира, не се согласувам. Имам мое мислење, но нема да го споделам затоа што не сакам да ја продлабочувам темата. Воопшто нема потреба од тоа, -порача Србинот.
-
Англијапред 8 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 23 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 10 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 9 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 21 час
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 9 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 11 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Германијапред 22 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат