Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ свесен: Се ближи крај на една ера, но тенисот е во добри раце

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Новак Ѓоковиќ почна да губи од младите сили на најпрестижните светски турнири, но и покрај тоа, не планира лесно да го предаде тронот, особено во ситуација кога и натаму е светски рекет број еден.

Србинот ќе го има првиот настап по елиминацијата од Јаник Синер на Аустралијан Опен и тоа ќе биде на Мастерсот во Индијан Велс, каде денеска одработи долга прес-конференција.

Ноле искрено изрази жалење за повлекувањето на Рафаел Надал, но проговори и за тениската смена во генерации која ќе следи, а која ќе биде неизбежна и покрај тоа што и натаму се чувствува способен да им парира на помладите.

– Федерер, Надал и Енди Мари беа нераздвоен дел од моето развивање како играч. Поради нив го постигнав тоа што го постигнав. Сите знаеме дека ќе дојде време кога ние ќе бидеме минато, ќе дојде време кога ќе сфатиме дека „тоа е тоа“. Рожер ја заврши кариерата, јас и Рафа нема да играме уште долго, блиску сме до крај на една ера и тоа е малку тажно. Од друга страна, сите ќе ги паметат незаборавните моменти и мечеви кои ги имавме заедно, рекордите кои ги поставивме.

– Сепак, тенисот е во сигурни раце и без нас. Новите деца се тука, Алкарас, Синер и Руне се лидери на новата генерација, но тука се и Медведев, Циципас, Зверев и Рубљов. Сите тие се неверојатни играчи, мислам дека тенисот е во добри раце. Се надевам дека доприносот кој го имавме ние во последните 20 години ќе придонесе за развој на тенисот. Никој не е поголем од тенисот како спорт, – потенцира Ноле.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни