Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со стил до 127 финале во кариерата (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ е главен фаворит за титулата во Тел Авив, а тоа го потврди и со денешната победа во полуфиналето на турнирот кој се игра во Израел.

Трет предизвикувач оваа недела за Србинот беше рускиот тенисер Сафиулин, кој беше премногу импресиониран во првиот сет, а потоа се покажа како предоцна да направи нешто повеќе против фаворитот.

Ноле лесно го доби првиот сет со 6:1, додека во вториот доби доста потежок отпор, но сепак истапи кога беше најважно и победи во тајбрејкот.

Србинот заврши со стил и со ас сервис го реши прашањето околу победникот, со што се пласираше во своето 127-мо финале во кариерата.

Во истото, противник ќе му биде подобриот од вториот полуфинален дуел, во кој силите ќе ги одмерат Чилиќ и Лестиен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни