Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со поранешен НБА играч се подготвува за ЛОИ во Токио (ФОТО)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ одлучи по победата на Вимблдон да се упати во Црна Гора за да здивне и на кратко да ги наполни батериите пред настапот на Летните Олимписки Игри во Токио.

Веќе можевме да видиме како Ноле тренира и кога врне за да сега забележиме како првиот светски рекет има нов партнер во подготовките-тоа е некогашниот член на ЛА Клиперс, Минесота Тимбервулвс, Мемфис Гризлис и Реал Мадрид, Марко Јариќ.

Јариќ сподели фотографија на која се гледа како заедно со Новак максимално се фокусирани и тренираат.

Ѓоковиќ дефинитивно е прв фаворит за златниот медал во Јапонија, ждрепката за турнирот е закажана за 22 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни