АТП
Ѓоковиќ најави напад на нови титули: Пред мене се уште неколку успешни сезони

Новак Ѓоковиќ славеше на Мастерсот во Париз и со тоа повторно потврди дека е најдобар тенисер на светот во овој момент.
Ова за Србинот беше 40. славје на турнирите од оваа категорија, вкупно 97 пехар во кариерата, но тука не планира да застане.
-Се трудам да бидам добар ученик на оваа игра и да бидам во чекор со бројките, но во исто време, сакам да го фокусирам моето внимание на следниот предизвик. Сè додека сум активен играч, тоа ќе биде менталитетот што ќе ме одржува. Го освоив ова, но веќе е зад мене. Секако дека сум горд на моето достигнување, но веќе вртам нова страница. За среќа или за жал, тоа ми функционира и психички одам напред. Затоа што се додека сум активен сакам да победувам уште повеќе и да продолжам да играм на највисоко ниво. Грен слем и мастерс се најважните турнири во нашиот спорт, -рече Ѓоковиќ кој сака да го собори рекордот на Џими Конорс.
-Зошто не би го соборил тој рекорд? Сега имам 12 помалку, но и уште неколку успешни тениски години. Се трудам да уживам во моментите кои сега значат повеќе и вредат двојно повеќе. Кога ќе се види во која фаза на кариерата сум, секој освоен турнир многу значи. Иако изгледа рутински, секоја победа на мастерс или грен слем многу ми значи, -порача првиот светски рекет.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него