Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ и теоретски ќе го сруши рекордот на Федерер

Објавено

на

Моментално првиот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ и дефинитивно ќе го сруши рекордот кој досега во своја сопственост го држеше неговиот конкурент, Рожер Федерер.

Имено, Србинот сигурно ќе стане тенисерот со најмногу недели на првото место на АТП листата.

Поради измените во натпреварувањата за 2021 година Ѓоковиќ нема да има можност да го загуби првото место на АТП листата, што значи дека ќе остане на врвот и повеќе од 303 недели колку што е сега.

Што и да стори на Австралија Опен, Ѓоковиќ ќе остане на првото место, нешто што меѓу другото беше и едно од главните негови цели, покрај освојувањето на Грен слем титулите.

Во Австралија,  српскиот тенисер ќе ја брка својата 18 Грен Слем титула, а неговите конкуренти Рафа Надал и Рожер Федерер во моментов се на врвот со по 20 освоени вакви најпрестижни титули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни