АТП
Ѓоковиќ го „пецна“ Надал: Јас не сум како некој друг……..

Новак Ѓоковиќ вчера стигна до јубилејната 40-та Мастерс титула во кариерата и само го поправи рекордот кој беше во негова сопственост, што е само потврда за неговата извонредна форма и во оваа 2023-та година.
Дел од светската јавнсот чека пад на Србинот поради возраста, но Ноле засега покажува дека годините се само бројка за него и воодушевува со своите настапи од турнир на турнир.
Некриејќи ги своите амбиции, Ноле по победата во Париз призна дека ќе го брка и рекордот на Џими Конорс по бројот на освоени титули (109), но додека го правеше тоа, се чини дека испрати една „отровна стрела“ кон Рафаел Надал од кого беше нападнат пред извесно време.
– Јас ќе одам по сите можни рекорди во тенисот, сакам да го урнам и рекордот на Конорс, ќе се обидам да урнам се што е можно. Никогаш не сум имал проблем да зборувам за рекордите. Секогаш сум отворен кога зборувам за рекордите и поради тоа не им се допаѓам на луѓето. Јас сум таков, не се преправам како некој друг, да велам дека тоа не ми целта, а потоа да се однесувам на поинаков начин кога ќе остварам нешто, – изјави Ѓоковиќ, што според многумина е одговор за изјавата на Надал.
– За Ѓоковиќ ќе беше најголема фрустрација да не го има за себе рекордот по бројот на освоени грен слем титули. Поради тоа и стигна до тој рекорд, јас имам здрава амбиција и уживам во тоа што сум го остварил. Не сум фрустриран без рекордот и не се лутам кога работите не одат добро на теренот, – изјави Надал.
-
Шпанијапред 20 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 15 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 17 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 14 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари