Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го дозна својот ривал во полуфиналето на завршниот Мастерс во Торино

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ го дозна својот полуфинален ривал на завршниот Мастерс турнир во Торино, откако ова попладне се доби разврска и на другата група во која Данил Медведев е сигурно прв, а сега Александер Зверев го осигура второто место.

Германецот го победи Хуберт Хуркач со убедливи 2:0 на првиот меч од денешната програма, што значи дека вечерниот меч меѓу Данил Медведев и Јаник Синер нема да има никакво значење и ќе биде буквално од ревијален карактер.

Медведев утре ќе го дознае својот противник во полуфиналето, но светскиот рекет број еден го дозна попладнево, а тоа е актуелниот олимписки шампион.

Зверев одновно ќе ги одмери силите со најдобриот светски тенисер, на кого всушност му нанесе тежок пораз во Токио, но потоа загуби од него на Ју-Ес Опен.

Ова ќе биде четврта нивна голема пресметка оваа година во полуфиналето во Торино, бидејќи се сретнаа и во Австралија каде Новак беше подобар во четири сета. Гледајќи ја вкупната статистика, Ѓоковиќ води 7:3 во пресметките со помладиот Германец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни