Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ гласно бара важна промена во тенисот: Судиите ќе останат без работа, но…..

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ наиде на првиот посериозен отпор на Австралија Опен и во второто коло го загуби и првиот сет на турнирот, откако Франсис Тиафо понуди навистина силен отпор во пресметката со светскиот рекет број еден, особено во вториот и третиот сет кои беа исклучително тесни и се решаваа во тајбрејк.

Србинот го доби првиот сет со 6:3, Тиафо одолеаа на нападот на стартот на вториот сет и го доби истиот во тајбрејкот со 7:3, додека одлучувачки за мечот беше третиот сет во кој одново се играше 13-ти гејм, а во кој овојпат поуспешен беше осумкратниот освојувач на турнирот во Мелбурн.

Ѓоковиќ ја продолжи потерата по деветти трофеј на Род Лејвер Арената и го доби тајбрејкот со 7:2, а потоа во четвртиот сет стави крај на неизвесноста со 6:3.

– Беше навистина тесен меч, особено во вториот и третиот сет. Имав среќа што го добив третиот сет и што поведов со 2:1. Во одредени момент не се чувствував удобрно на теренот и му честитам за тоа. Покажа фантастична игра и квалитетен тенис, особено беше добар на бекхенд, не правеше грешки. Ме стави во тешка ситуација, бев доста пасивен и тоа е негова заслуга. Му честитам за одличната игра, – изјави Ѓоковиќ кој смета дека системот кој се практикува на Австралија Опен, треба да се применува на сите турнири во иднина.

Оваа година нема линиски судии и се користи технологија која сигнализира кога топчето е во аут, а Новак ја поддржуваа оваа модернизација, без оглед на тоа што многу линиски судии ќе останат без работа.

– Мислам дека автоматскиот систем е подобар, нема никакви грешки. Сфаќам дека имаме традиција, дека линиските судии се дел од историјата на овој спорт. Но, како што реков претходно, сите работиме за подобрување на спортот. Знам дека со ова многу линиски судии ќе останат без работа, но од друга страна, неизбежно е да се направи ваква промена во тенисот. Јас ја поддржувам технологијата. Сакам да останат собирачите на топки, но подобро е без линиски судии и со користење на технологија, – изјави Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни