Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Федерер е симбол за тенисот, заслужува друг крај

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ продолжува во фантастичен ритам и на завршниот Мастерс турнир и со вчерашната втора победа над Андреј Рубљов си загарантира место во полуфиналето во Торино, но по мечот, светскиот рекет број еден говорел и за темата која стана доста актуелна во јавноста.

Иван Љубичиќ порача дека Рожер Федерер има минимални шанси да настапи на Австралија Опен, но подоцна, самиот тенисер се јави во јавноста и порача дека ќе паузира уште најмалку седум месеци и своето враќање на терените го закажа за периодот после Вимблдон.

Тоа значи дека Швајцарецот ќе ги пропушти првите три грен слема во 2022-ра година, кој сепак не се откажува од намерата да се врати на теренот и засега отфрла пензионирање во секоја смисла на зборот, став кој го сфаќа и неговиот голем ривал, Србинот Ноле.

– Јасно е дека Федерер е симбол за тенисот, тој е симбол за нашиот спорт и сите луѓе го сакаат. Луѓето уживаат да го гледаат како игра, како е присутен на турнирите. Тој е важен за нашиот спорт, на теренот и надвор од него.

– За доброто на спортот, се надевам дека ќе го видиме пак на терените, дека ќе го видиме уште малку. Сигурен сум дека не сака да ја заврши кариерата на ваков начин, сигурно сака да каже крај на друг начин. Мислам дека ќе се обиде, дека ќе има завршен обид. Не знам каква повреда има точно, но знам дека во последните години се мачи и има проблеми со коленото, – изјавил Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни